Продолжение на 80-тата собраниска седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 80-тата седница на чиј дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, на Законот за платите на јавните обвинители, и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, трите по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и за предлог законите за дополнување на Законот за платите на судиите, за основање на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, и за изменување и дополнување на Законот за основање на Државен универзитет во Тетово, сите по скратена постапка.
На дневниот ред е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, поднесен од пратениците Андон Чибишев, Александар Стојкоски, Благородна Бојаџиева, Соња Талевска, Марија Ангелова, Јасминка Дамческа, Весна Дамчевска Илиевска, Иван Иванов, Магдалена Манаскова, Сашо Василевски, Момчило Аврамовски, Зоран Ѓорѓиевски.
Собранието ќе ги разгледа и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, во прво читање и предлог законите за дополнување на Законот за енергетика, и за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, и двата во прво читање и поднесени од пратениците од опозицијата.
Ново на Сител
-
Два нови случаи на Ковид-19 во државава
-
Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ
-
Отворена истражна постапка против лично обезбедување на премиерот, осомничен за „оддавање службена тајна“
-
Осум кандидати за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги претставија нивните кандидатури
-
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади на енергетските капацитети
-
Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари за литар
-
ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати
-
Мицкоски: Нека е со среќа повисоки пензии