Продолжение на 62. седница на Собранието, на дневен ред и Законот за дивоградби
Собранието денеска треба да ја продолжи 62-та седница со
Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово.
На дневен ред на оваа седница во прво читање се и Предлог законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти, Предлог законот за инспекциски надзор во животната средина и Предлог законот за вршење сметководствени работи.
Пратениците треба да распорваат и за Предлог законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, Предлог законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација, Предлог законот за изменување на Законот за платниот промет и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, сите по скратена постапка.
Собранието на седницата треба да расправа и по Предлог законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, поднесен од пратениците Петар Ристески, Зоранчо Јованчев, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска, Ане Лашкоска, Златко Пенков, и по Предлог на декларацијата за борба против корупцијата како стратешки приоритет на државата и државните политики.
Ново на Сител
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир