Продолжение на 54-тата собраниска седница
Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 54-тата седница на која има повеќе точки на дневен ред меѓу кои и предлогот за избор на заменици на народниот правобранител, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи, на Законот за следење на комуникациите, изменување на Законот за заштита од експлозивни материи, и на Законот за странци, сите во второ читање.
Во рамки на седницата, пратениците треба да го разгледаат и Предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.
На дневниот ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за личната карта, за дополнување на Законот за матичен број, како и за изменување и дополнување на Законот за државјанството, на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, и на Законот за патните исправи, сите по скратена постпка.
Ново на Сител
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја