Продолжение на 29 седница на Собранието
Собранието денеска треба да одржи продолжение на 29. седница, на која како преостанати точки се повеќе закони по скратена постапка и во прво читање.
На дневен ред се Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за библиотеките, Законoт за заштита на културното наследство и на Законот за прекршоците, сите по скратена постапка.
Меѓу точките на дневниот ред се и предложените измени и дополнувања на Законот за личната карта, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Бастри Бајрами, Кастриот Реџепи, Биљал Касами, Фадил Зендели, Сурија Рашиди, Илире Даути, Артина Ќазими, Зиадин Села, Халил Снопче, Абдула Салиу, Сафије Садики Шаини.
На седницата треба да се разгледаат и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, на Законот за метрологијата, на Законот за заштита и благосостојба на животните и на Законот за идентификација и регистрација на животните, сите во прво читање.
Дел од точките на дневниот ред е и Информацијата за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно до 21.12.2020 година, поднесен од пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Шест лица повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив и четворица полицајци
-
Во Словенија и Хрватска издадени предупредувања за невреме
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош