Продажна изложба на дела од Анка Данаиловска во галеријата „Остен“
Галеријата „Остен“ денеска попладне организира продажна изложба на уметницата Анка Данаиловска, насловена „Сочуваните спомени".
До 26 декември посетителите ќе може да погледнат и купат цртежи и графики на авторката која со дел од нив учествувала на „Остен Биенале“ на „Цртеж Скопје 2016“, а дел ќе бидат достапни за откуп од љубителите на уметноста.
Графичарката Анка Данаиловска има реализирано дваесетина самостојни изложби во Скопје, Гевгелија, Париз, Куманово, Софија, Марибор... Од 1998 година добила седум награди за своите цртежи и графики.
Данаиловска (Куманово, 1972) завршила средно училиште за применета уметност, а во 1995 година дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на графичкиот оддел во класата на проф. Димче Николов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето