Продавачот од „Техномаркет“ бил нападнат во септември – напаѓачите се приведени
Нападот на вработен од Техномаркет кој беше објавен денеска на социјалните мрежи се случил во септември, а двајцата напаѓачи се фатени и против нив е поднесена пријава.
Како што се вели во соопштението испратено од МВР, полициски службеници од единицата за насилен криминал при СВР Скопје по преземени мерки и активности, на 25 септември ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје.
Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор, соопштиле тогашаш од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат да не се шират лажни вести.
-Расчистен е нападот во Техномаркет, насилниците се приведени пред месец ипол ! Апелираме да не се шират лажни вести кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
-
Приведен криумчар на мигранти
-
Опожарени возила и фотокопирница во Куманово
-
Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година
-
Лишени од слобода крадци во Скопје
-
Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка - 3 степени
-
Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин
-
КФОР: Приштина бараше овластување за потенцијално испраќање безбедносни сили во северниот дел, но не дозволивме