Процвета првиот цвет во вселената
Првото растение на Меѓународната вселенска станица процвета, што според шефот на НАСА, е чекор поблиску кон една од најамбициозните задачи на денешницата, патување на Марс.
Астронаутот Скот Кели на Твитер објави фотографија од процветаната билка, но на некои од листовите можеше да се забележи мувла.
- Нашата билка не изгледа многу добор. Можеби тоа би предизвикало проблеми на Марс. Ќе го пренесам тоа на мојот колега Марк Ватни, објави Кели на Твитер.
НАСА набрзо објави дека мувлата не претставува крај на експериментот, туку дека тоа е еден од потенцијалните резултати со помош на кој се изучува животот на организмите во безтежинска состојба.
- Сметам дека добивме многу информации од овој експеримент. Многу научивме за билките и течностите, како и за тоа како да се направи врска меѓу земјата во која билките растат во вселената, изјави шефот на научниот проект „Веги“ доктор Џои Мас.
„Вега“ е заеднички проект на НАСА и компанијата „Орбитал технолоџис“.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска