Прободен малолетник од Скопје во меѓусебна тепачка

Малолетник од Скопје е прободен со остар предмет во пределот на грбот, синоќа на булевар „Видое Смилевски Бато“.
Минситерството за внатрешни работи информира дека синоќа, околу 21.30 часот додека малолетникот Б.В од Скопје на бул.“Видое Смилевски Бато“ бил заедно со уште неколку другари, му пришле малолетникот С.Д., неговиот брат Н.Д (22) и уште едно постаро лице. Кога пристигнале С.Д му се заканил на Б.В дека ќе го прободе, заради некои претходни расправии. Во моментот кога Б.В сакал да си замине, од позади бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, по што успеал да избега и потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градска општа болница “Наум Охридски“. Од страна на доктор првично се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на лекување.
Околу полноќ во Ургентен центар, лекарска помош побарале и Д.Д. (45) и Н.Д., татко и брат на С.Д. Истите се пожалиле на повреди кои ги здобиле од истиот настан, а биле нападнати од лицата кои биле во друштво на Б.В. Од страна на доктор кај двајцата се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Известен е дежурен јавен обвинител, кој дал насока настанот првично да се третира како - нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
