Македонија
27. September 2015 - 16:55

Пробно зонско паркирање во Тетово

Зонското паркирање кое започна да се применува во Тетово од неделава е во пробен период.
 
Паркирањето е бесплатно, но возачите треба да се држат до правилата-да пратат смс порака и да го почитуваат времетрањето. 
 
Зонско паркирање засега има на булеварите Илинден и Илирија, поранешна Маршал Тито. Граѓаните се соменеваат дека со ова ќе се надмине сообраќајниот метеж во градот. 
 
Еден час паркирање во зоната А ќе чини 30 денари, а најмногу ќе може да се користи 3 часа.