Проблемот со недостиг на лекови на онкологија ќе се решава со законски измени
Постапката за набавка на лекови и материјали за работа на клиниките и болниците наместо 3 месеци да почнува половина година пред завршување на процесот, за да не се оставаат пациентите без терапија. Ова ќе се решава со законски измени, бидејќи не само на онкологија туку и во други установи поради административни пречки се пролонгира и испораката на лековите.
- И затоа еден од законите во овие 12 закони што ги менуваме и адаптираме, едно од прашањето коешто ќе го решиме е буквално ова. Јас најавив пред неколку месеци дека ќе разгледуваме, постапките да почнуваат не три, туку шест месеци пред истекот на процесот, се со цел да имаме време да најдеме дополнително ако ни треба реотворање на постапката, за да не стигнеме до вакви моменти кога заради административните процедури, пациентите ќе чекаат лекови, изјави Азир Алиу, министер за здравство.
Според здружението ХЕМА – ОНКО одвреме – навреме на онкологија повторно снемува два лека кои се користат како хемотерапија за повеќе видови на рак. Не станува збор за скапи лекови, а проблемот е поради доцнење на испораката од дистрибутерот. За да не се случува ова онколошките пациенти инсистираат покрај законски измени да се промени и начинот за набавка на терапија.
- Мора да се промени начинот на којшто се набавува терапијата за овие клиники во Македонија. Притоа додаде дека уште поголем проблем е, што, Министерството или, пак, самата Клиника, па ниту Фондот, немаат право самите да побараат одредена количина на тој лек којшто, ете, недостасува, изјави Ана Марјановиќ, од здружението ХЕМА – ОНКО.
За недостигот пак на тумор маркери на онкологија министерот за здравство изјави дека истите ги има на Биохемија и во други клиники и таму можат да ги направат пациентите.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
