Македонија
3. September 2015 - 17:26

Проблемите на жителите на Волково и Ново Село решавани на лице место

Груевски со интензивна агенда на средби со граѓаните во Скопско.

Тој денес изврши надзор на изградбата на улици кои се дел од проектот за реконструкција на 16 улици кои се реконструраат во Ѓорче Петров, со помош на владата која инвестираше 1,3 милиони евра. Груевски оствари средба со граѓаните на ХРОМ.

Жителите на Волково на премиерот му ги кажаа своите проблеми и на лице место беа договорени решенија. Тие се пожалија на проблемот со изградбата на канлизационен систем во населбата. Груевски посочи дека за овој проблем ќе се разговара на првата наредна седница на владатата. А на граѓаните им вети и дека фекалната канлизација во селото ќе добие нов крак и неколку улици ќе бидат асфалтирани.

Во Ново Село премиерот се договори со граѓаните во најбрз можен рок тие да добијат нови тротоари, а по нивното барање за надградба на училишниот објект, Груевски побара од заменик министерот за образование и градоначалникот на општината во најбрз можен рок да подготват проект кој ќе се реализира до наредната година.

Жителите благодарни за посетата на премиерот и можноста за средба со него, велат дека ова е пример како се работи во интерес на граѓаните.