Македонија
29. July 2022 - 10:33

Пробиштипјанец (31) е љубовникот од Фејсбук кој „олесни“ битолчанка (49) за 7.600 евра

Полициски службеници од Полициска станица Пробиштип на 28.07.2022 во 09.50 часот во Пробиштип, го лишиле од слобода Д.М.(31) од Пробиштип.

-Тој се сомничи дека во периодот од мај до јули оваа година, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6500 евра и 72.000 денари, за што беше пријавено на 27.07.2022, соопштија од МВР.

Од МВР информираат дека тој бил спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.