Пробиштип избра локација за изградба на типска населба

Општина Пробиштип локацијата Летовец ја одреди за изградба на типска населба, која е дел од владиниот проект „Купи куќа за млади“.
Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски денеска информираше дека станува збор за локација во која првично било планирано да се понудат 150 парцели, но согласно анализите на урбанистите сега е предвидено да се изградат 300 типски куќи.
- На граѓаните им е јасно за која локација станува збор, но да појасниме дека тоа е локација меѓу Пробиштип и Злетово. Покрај тоа што се планирани да се понудат 300 плацеви за изградба на типски куќи, согласно планот се предвидува да има и други содржини, како што се паркови, детски игралишта и мини трговски центри, појасни Тоневски.
Тој додаде дека овој проект е одлична можност за младите од Пробиштип, кои го немаат решено своето станбено прашање.
Парцелите за изградба на типски куќи ќе се продаваат за едно евро за метар квадратен, а новата населба ќе бидат целосно инфраструктурно уредена, со улици, водовод и канализација до домовите.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
