Пробиштип инвестира во уличното осветлување

Општина Пробиштип почна со инвестициите во уличното осветлување. Градоначалникот Тони Тоневски вели дека во моментов се работи на поставување на улично осветлување по должината на новата пешачка патека и влезот и излезот на градот кон Штип и Кочани.
- Во должина од над 1.300 метри се поставуваат 35 енергетски светилки. Поставените столбови и светилки ќе ја осветлуваат и коловозната лента, но и од другата страна ќе има светилки, кои што ќе ја осветлуваат патеката, која води од градот кон индустриската зона, каде се наоѓаат повеќе производствени погони, меѓутоа е и пристапен пат до селото Стрмош, изјави Тоневски.
Проектот за новото улично осветлување на влезот и излезот на Пробиштип чини пет милиони денари, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Тоневски истакна дека проектот ќе продолжи и во централното градско подрачје на улицата „Миро Барага“, каде ќе бидат поставени 35 столбни места, а оваа улица ќе има и нови тротоарни површини.
- Инвестицијата на оваа улица за уличното осветлување ќе чини околу пет милиони денари и имаме уште пет милиони денари за новите тротоари на улицата „Миро Барага“, посочи Тоневски.
Тој нагласи дека сите градежни активности за изградба на пешачката патека, новото улично осветлување и тротоарските површини чинат околу 200.000 евра.
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
