Пробиена патека до нов водопад над „Смрдлива вода“
Членовите на планинарското друштво ,„Кожуф“ од Гевгелија со помош на ентузијасти денека ја пробија патеката до еден од можеби најголемите водопади во Македонија до сега апсолутно непознат за гевгеличани.
Претседателот на гевгелиските планинари Александар Костадиновски информира дека атрактивниот водопад со височина од стотина метри се наоѓа на 850 метри надморска височина над планинското одморалиште „Смрдлива вода“.
- Она што понатаму ќе следува како наша активност ќе биде мапирањето на планинарската патека до водопадот и нејзино внесување во македонскиот регистар на планинарки патеки, изјави Костадиновски.
Одморалиштето „Смрдлива вода“ од Гевгелија е оддалечено 24 километри. Минералната вода по која локалитетот го добил името е позната по нејзината лековитост за заболувања на стомачниот тракт, желудник и бубрези.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори