Македонија
8. January 2023 - 16:42

Пробиен и последниот рок, крај на 2022. година за нова позитивна листа на лекови - нови рокови нема

Родители се решени да извадат бугарски пасоши за да ги лекуваат своите деца кај нашиот источен сосед. Недовербата во македонскиот здравствен систем и постојаната неизвесност дали ке има лекови ги принудува спасот да го гледаат надвор од земјата. Наместо постојано да зависат од тендери и програми кои често доцнат, многу здруженија минатата година побараа итно ревидирање на позитивната листа на која треба да се најде и терапија за ретки болести. Тоа 15 години го чекаат и илјадници хронични пациенти кои за дијагнозата сеуште пијат по неколку апчиња наместо едно со повеќе компоненти.

-Родители велат ние имаме ќе извадиме и за детето за да го лекуваме во Бугарија – таму има каков таков систем и нема да сме во изчекување дали ќе има лекови за детето, дали ќе има лекови за нас или некој член од фамилијата. Не е фер постојано да с ево изчекување што ќе се случи, вели Весна Алексовска председател на здружението Живот со предизвици.

 Современата терапија остана само пуста новогодишна желба бидејќи како што не информираа од Министерството за здравство ниту е готов правилникот ниту пак е формирана Комисијата која треба да одлучува кои лекови да ги исфрлат а кои да станат  дел од листата. Тоа што загрижува е немањето рокови во следниот период за евентулани промени. Беким Сали во 2022 неколкупати ветуваше дека промени ќе има и тоа за почеток за примарните лекови а потоа и болничките. Ако терапијата за ретка болест е на позитивната листа и да ја нема пациентот може да ја купи и потоа да ги рефундира средствата.

-Лековите преку тендери и програми да се на позитивната листа з асигурност. Но кога е преку програма не може да се повратат парите. А со оглед дека одамна не е направена промена, изборот е да не речам беден, вели Алексовска.

Многу министри за здравство ветуваа ревидирање на позитивната листа, но нејзината промена стана како и изградбата на новиот клинички центар. Во останатите земји секоја година има додавање на нови современи лекови.

Дополнителен проблем кој ќе настане сдледниот период е што пациенти со ретки болести повторно ќе немаат лекови бидејќи годишниот тендер се уште не е распишан.