Про фајт: Мики Ивановски е македонскиот „бисер“
Мики Ивановски е Кик Боксер со големо интернационално искуство и дури 34 борби во Про фајт 17.
Последниот меч го имаше во Дупница, Бугарија каде во дуелот со европскиот и вицесветски ИТФ шампион Илијан Томанов ја забележа 24-тата победа во категоријата до 86 килограми.
Ивановски по мечот изјави дека е пресреќен од победата но и фактот што настанот го организирала најпрестижната професионална организација Про фајт во која членуваат најдокажаните Кик-боксери. Дека полека се придвижува кон професионалните води говори и неговата изјава:
- Време е да го завршам натпреварувањето во аматерска конкуренција и затоа можат моите фанови да очекуваат повеќе профи- мечеви од мене, изјави носителот на неколку балкански шампионати, светски купови и трократен носител на медали од европските првенства.
Една од желбите на Мики Ивановски е и во Македонија да се подигне нивото на организација на вакви настани каков што беше во Дупница што сигурно ќе привлече квалитетни Кик-боксери од опкружувањето и пошироко. Ивановски посебно ја истакнува соработката со масерот и бионергетичар Живко Димитровски кој редовно наоѓа време да му помогне во санирањето на повредите но и потребната рекуперација по тешките борби. Соработката ќе продолжи и на Профи-мечевите – истакна Ивановски.
Ново на Сител
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск
-
Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село
-
Елтон Џон со сѐ послаб вид, не можел да ја проследи претставата „Ѓаволот носи Прада“
-
На готвач му украле комбе со 2.500 пити, тој повика да ги даруваат на гладни и изнемоштени лица
-
Манчестер јунајтед заинтересиран за Јилдиз