-->
-->
Признанија за децата кои спасија човек во автобус
-->

Општина Центар им додели признанија на 13-годишните Петар Тодоровски, Ведран Лауренчиќ и Мила Кочевска, кои пред два дена спасија патник во градски автобус кому му се слошило и колабирал за време на возењето.
На настан во паркот во Капиштец, организиран од општината вчера, градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ им се заблагодари на тројцата ученици во ОУ „Кочо Рацин“ за нивната храброст и пожртвуваност и им ги додели признанијата.
- Особено сум горд што имам можност да им изразам почит и признание на нашите херои кои вчера помогнаа да се спаси еден човечки живот. Тие треба да бидат пример за сите деца, а и за нас возрасните, изјави Богдановиќ.
Лауренчиќ рече дека секој треба да знае како се пружа прва помош.
- Не се знае кога ќе ви притреба да помогнете некому, а можеби и да спасите човечки живот. Најважно е да не се паничи, да се остане присебен, но и да се знае што е најважно да се направи при вакви случаи, истакна Ведран.
Трите деца се враќале од натпревар по прва помош кога се случил настанот во автобусот со број 57. Тие забележале дека на еден од патниците не му е добро при што му кажале на возачот да запре и со помош на дел од возрасните го извадиле надвор од автобусот. Применувајќи го своето знаење го спречиле да го голтне јазикот и му ја преврзале главата од каде крварел по што пристигнало амбулантно возило кое го однело повредениот човек на скопските клиники.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Митева, портпаролка на Владата
-

И другите општини ќе учат од Прилеп како да селектираат отпад, Прилеп останува лидер во Македонија
-

Миризбата која ги вознемири скопјани доаѓа од пожарот во Ѓорче Петров, сите сили фокусирани на ова жариште
-

Четири нови сомнителни случаи со западно-нилска треска, меѓу нив има и дете
-

Не влечениот, туку лицето што влече е починатиот струмичанец - претходела тепачка
-

Повреденото дете се уште критично
-

Кривични пријави за две лица и фирма од Струмица, се сомничат за затајување данок, перење пари и лихварство
-

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата
