Приврзаници на Пашињан го парализираа Ереван
Десетици илјади демонстранти ги блокираа улиците и владините згради во Ереван, главниот град на Ерменија, незадоволни откако владејачката партија го одби изборот на опозицијата- Никол Пашињан да биде нов премиер.
Пашињан вчера не успеа да обезбеди мнозинство гласови во Парламентот за да стане премиер. За него гласаа 45 пратеници, осум помалку од неопходниот број во Парламентот во кој има 105 пратеници.
Речиси сите улици во Ереван, вклучително и таа што води кон аеродромот, се блокирани, а многу продавници се затворени, по повикот на Пашињан за граѓанска непослушност низ целата земја, јави ДПА.
Пашињан денеска на митинг на неговите приврзаници изјави дека е парализирана работата на метрото и железницата, блокиран е патот кон аеродромот, а кон протестите се придружиле и објавиле штрајк многу училишта и универзитети.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот