Приврзаници на албанската опозиција ги блокираа патиштата
Илјадници приврзаници на албанската опозиција ги блокираа главните патишта во земјата, барајќи техничка влада до парламентарните избори во јуни.
Блокадата на пет важни патни делници траеше еден час.
Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша изјави дека протестираат против „трговијата со дрога, криминал, корупција, перење пари“.
Се очекува преговарачите на Европскиот парламент да стигнат подоцна денеска во Албанија, за да посредуваат во разговорите меѓу владејачката левичарска коалиција и центристичката и десничарска опозиција.
Опозицијата досега одбиваше преговори се додека премиерот на Албанија Еди Рама не поднесе оставка.
Опозицијата ја обвинува актуелната Влада дека ќе ги изманипулира парламентарните избори закажани за 18 јуни, а од половина на февруари нејзини приврзаници ги блокираат главните булевари во Тирана.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот