Бизнис
17. May 2016 - 15:26

Привршува уредувањето на Индустриската зона Караслари во Општина Велес

Во Индуската зона Караслари во Општина Велес привршува инфраструктурното уредување,  информира на денешната прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев и додаде оти со средства во висина од 12 милиони и  351 илјади денари кои се добиени од Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа  ќе се уредуваа главната улица и сите придружни улици до објектите, а по што ќе следи и осветлувањето на индустриската зона со канделабри.
 
- По трасирањето на улиците ќе се стават странично и канделабрите, а со тоа ќе ја завршиме целокупната инфраструктурна изградба во ИЗ Караслари која е многу значајна за просперитетот на Општина Велес, а потоа ќе започнеме и со инфраструктурно уредување на ИЗ Мамутчево,најави Чадиев.
 
Инаку,  во ИЗ Караслари која е на површина од 24 хектари  од лани работи германската фабрика Маркарт, а како што информира градоначалникот Чадиев,  два-три објекти се во напредна фаза.
 
- Едниот веќе и функционира,другиот е во завршна фаза,а третиот почнува со градба, а за што одобренијата за градба се издадени од Општина Велес,информира Чадиев.