Бизнис
6. February 2017 - 19:44

Привршува откупот на тутунот, просечна цена 196 денари за килограм

Додека без проблеми и по просечна откупна цена од 196 денари за килограм тутун, привршува откупот на тутунот од ланската реколта, во прилепската ПЕ за земјоделство започна издавањето на евидентните, таканаречени бели листови, кои се неопходни за тутунарите да можат да склучат договори со откупните компании за откуп на годинашниот род.
 
Оваа година, во преилепскиот регион се очекува да бидат издадени околу 12 илјади евидентни листови.
 
Последниот рок за пријавување на тутунопроизводителите е крајот на март.