Бизнис
7. February 2019 - 19:37

Привршува откупот на тутунот

Откупот на тутун во струмичкиот регион ќе заврши пред законскиот рок. На околу  месец дена пред истекот на рокот скоро 99% од овогодинешната реколта веќе е предадена. Од здружението на тутуно производители Басмак велат дека до сега биле откупени околу 2 милиони килограми. Според нивните проценки остануваат уште десетина тони кои овие денови треба да бидат предадени. Поради тоа и поголемиот дел од откупните организации веќе ги повлекле нивните пунктови. Од Басмак велат,  годинава откупот поминал добро, немаат забелешки на проценката, а задоволни се и од постигнатата просечна цена.

,, Самата цена ни кажува дека е задоволен и самиот производител, 215 денари е просекот. Значи немаше никакви проблеми , се откупуваше без проблеми, без спорни бали, тоа самото кажува дека самите граѓани се задоволни. Ние знаеме дека секој производител сака повеќе да му е цената, да се покачи, ние како здруженија разговараме, преговараме со самите фирми и тие колку што можат нешто покачуваат, тоа е малку ама што да се прави.,, вели МАРЈАН ТРАЈКОВ – ЗДРУЖЕНИЕ НА ТУТУНО ПРОИЗВОДИТЕЛИ БАСМАК - ВАСИЛЕВО

Годинава во струмичкиот регион  според евидентните листови беа пријавени 2750 тутуно производители или за околу 150 повеќе во однос на лани.