Привремени прифатилишта за бездомници во Битола, Струмица и Струга
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска, денеска ќе го посетат Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин поток.
Црвениот крст за време на екстремно ниските температури ќе се овозможи сместување во Привременото прифатилиште кое има капацитет да смести 32 лица во исто време, а мобилни тимови на Црвен крст ќе бидат достапни 24/7 за да укажат помош и обезбедат превоз за сите бездомни лица дојавени од терен.
Со поддршка на Министерството за труд и социјална политика на РМ оваа година ваквите услуги покрај во градот Скопје, проширени се и во Битола, Струмица, Струга каде се поставени контејнери во кои може да се згрижат по осум лица, а се опремени со ќебиња, храна... Мобилните тимови на Црвен крст во овие градови се подготвени за прифаќање на бездомните лица.
Функционирањето на Пунктот за бездомници во град Скопје е поддржано од страна на Град Скопје и повеќе компании и индивидуалци.
Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, овозможува помош и поддршка на 50 бездомници на дневна основа, кои редовно го посетуваат двапати во неделата. Тие ги користат услугите за одржување на хигиената и берберските услуги. Со нив работи тим од доктор, психолог и социјален работник и согласно нивните потреби се работи на намалување на нивната ранливост и подобрување на здравствената состојба. Покрај овие услуги корисниците редовно може да добијат облека, храна и други материјални добра. Со бездомниците се работи на нивна успешна реинтеграција.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега