Привремен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Во периодот од 15 до 17:15 часот денеска сообраќајот во центарот на Скопје ќе биде пренасочен по одредени улици. Пренасочувањето е поради уличната акција организирана од здружението Млади европски федералисти на потегот од Собранието на Република Македонија до Скопско кале.
Како што соопшти МВР, трасата на движење на уличната акција е од пред Собранието и продолжува кон Порта Македонија, низ градскиот плоштад Македонија, Камениот мост, плоштадот „Филип 2“, по улицата „Иљо Војвода“, десно по надвозникот над булеварот „Гоце Делчев“, десно по улицата „Самуилова“ пред платото на црквата “Св. Спас“, лево по сервисната улица кон Скопско кале и потоа назад кон македонското Собрание по истата траса.
Акцијата е замислена како мирен марш низ центарот на градот преку која ќе се испрати порака за европското единство и поддршка за евроинтеграциските процеси на Македонија и државите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
