Привремен сообраќаен режим на Партизанска

Поради изведување на градежни работи на дел од булеварот „Партизански одреди“, од денеска ќе се воведе привремен сообраќаен режим, информираат од Град Скопје.
Посочуваат дека, поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на булеварот „Партизански одреди“, од мостот „Обединети Нации“ до ул. „Московска“, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од булеварот од кружниот тек кај Порта Влае до крстосницата со улица Московска (кај ТЦ Сити мол), во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар. По трасата во спротивниот правец сообраќајот ќе се одвива непречено.
– За време на привремениот режим, автобусите на ЈСП кои сообраќаа по овој дел од бул. Партизански одреди, ќе се пренасочат преку ул. Адолф Циборовски и бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, а ќе се вратат на нормалната траса преку ул. Московска, соопштија од Град Скопје.
Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај.
Ново на Сител
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

Брисел: Правосудството со слабости, корупцијата тапка во место
-

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел
-

Турканици, нервози и расправии пред Алта банка во Битола – по 20.000 денари од шалтер подигнуваа тие кои добиле порака
