Приведено лицето кое пукало кон стан во Струга, кај него пронајдени куршуми и дрога

Полицијата привела 48-годишен жител на селото Подмоље осомничен за пукање со пиштол кон стан во Струга. Во неговиот дом пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 22 часот во село Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишиле Г.М.(48) од истото село.
- При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја. Г.М. се сомничи дека ноќта на 29/30 октомври со пиштол пукал кон стан во зграда во Струга, при што е направена материјална штета, а повредени лица нема, стои во информацијата.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, како што стои во соопштението, против Г.М. ќе поднесе соодветни кривични пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
-

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
