Македонија
10. August 2021 - 13:51

Приведено лице за предизвикување пожар кај „Француски гробишта“ во Скопје

Полициски службеници вчера на улица „Самоилова“ во Скопје го лишиле од слобода 87-годишниот скопјанец Х.Р., поради сомнеж дека предизвикал пожар во близина на „Француски гробишта“ на истата улица, при што горела сува трева, а кој набргу бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој бил затекнат на местото каде што настанал пожарот и кај него била пронајдена запалка. Х.Р. бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото.

Од МВР додадоа адека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.