Македонија
5. October 2020 - 13:04

Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна од пет години

На 05.10.2020 во 12:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со ЕВР Кисела вода го привеле Д.Т.(43) од Скопје, кој се барал по две потерници,
за издржување на казна затвор од пет години и истрага по член 215 од Кривичниот законик на РСМ.Д.Т. е предаден на ПС Тетово, а потоа ќе биде спроведен до КПД Идризово.