-->
-->
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-->
На 09.03.2025 во 14.15 часот во атар на с.Алданци, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода А.И.(38) од с.Норово, крушевско, поради основано сомнение за извршено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека во село Алданци, кај место викано „Кобел”, предизвикал пожар на сува трева и стрниште, по што била зафатена нискостеблеста дабова шума на поголема површина. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација