Приведено лице од Чучер Сандево, пронајдени две товарни возила со огревно дрво без документација
Приведено лице од Чучер Сандево, пронајдени две товарни возила со огревно дрво без документација
На 10.09.2023 во 18.40 часот кај место викано „ Две Реки“ на Скопска Црна Гора, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Мирковци, го лишиле од слобода С.А.(47) од с.Брест, општина Чучер Сандево.
Имено, на наведеното место тој бил затекнат во непосредна близина на товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кои биле натоварени со огревно дрво без жиг и без соодветна документација за транспорт.
За настанот било известено Јавното претпријатие „Национални шуми“, а лицето и возилата биле предадени во Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Перински: Јавниот повик за општините веднаш по ребалансот на Буџетот, на располагање ќе ги имаат првите 100 милиони евра
-
Оливер Зафировски назначен за директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје
-
Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро
-
Дефинитивно денови за паметење – Народната и забавната музика ги разгореа жештините во Кратово | ФОТО
-
Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка" | ФОТО
-
Хрватска повлекува морска сол од пазарот поради присуството на пластика
-
УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време
-
Автобус на ЈCП се качи на заштитна ограда пред Мавровка | ФОТО