Свет
8. April 2017 - 19:33

Приведениот маж е осомничен за вчерашниот напад во Стокхолм

Мажот, кој беше приведен синоќа  во предградие на шведската престолнина и му беше изречена мерка притвор, е осомничен дека го возел украдениот камион кој прегази пешаци на централна улица во Стокхолм и потоа удри во трговски центар, соопшти портпаролот на шведската полиција

Станува збор за 39-годишен Узбекистанец, кој бил симпатизер на организацијата „Исламска држава". Тој е приведен во северно предградие на Стокхолм.Шведската полиција пронашла вреќа со  експлозив во камионот,со кој напаѓачот најверојатно сакал да направи уште поголемо крвопролевање при нападот  Во нападот  загинаа четири лица, а беа повредени - 15. Девет се во тешка здравствена состојба.

Шведскиот премиер Стефан Лофтен изјави дека неговата земја е нападната и дека  нападот е тероризам. Во Шведска денеска е Ден на жалост, а знамињата на владините згради ќе бидат спуштени на половина копје.