-->
-->
Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-->

На 06.02.2026 околу 22:00 часот, на ул. „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Х.Л.(23), Б.З.(27) и А.З.(24), сите од Гостивар.
При преглед на патничко моторно возило „шевролет спарк“ со гостиварски регистарски ознаки, кај Х.Л. е пронајдена кутија со марихуана. Утврдено е и дека возачот А.З. го управувал возилото без возачка дозвола, а возилото било со измината регистрација.
Возилото е одземено, а тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
