-->
-->
Приведени сопружници во Неготино, обвинети за физички напад врз неговиот татко
-->

Во Неготино приведен бил брачен пар, обвинет за физички напад врз таткото на сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 23:20 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино лишија од слобода 42-годишен неготинец и неговата 36-годишна сопруга, постапувајќи по претходна пријава, дека во семејниот дом физички го нападнале нивниот 71-годишен татко, односно свекор, појаснија оттаму.
Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, како што истакнаа, против брачниот пар ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
