-->
-->
Приведени седум прилепчани за нелегален превоз и бесправно сечење дрва за огрев
-->
Четворица прилепчани се лишени од слобода во рамки на акциска контрола во однос на кражба на дрва, пустошење и бесправен превоз на огревни дрва, на Шумската полиција во координација со екипи на Ј.П. Македонски Шуми вчера во атарот на велешките села Степанци,Смиловци и Поменово.
Како што информира денеска Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, при контролата во месноста викана „Црници“ во атар на село Степанци затакнати биле три лица од Прилеп на возраст од 15 д 42 години, како вршат нелегален транспорт на сурови огревни дрва.
- Од нив се одземени два патнички автомобили марка „Лада“ и едно комбе марка „Застава“, кои биле натоварени со сурови дабови огревни дрва, појасни Стојковска.
Таа информира дека на лице место пронајдени се уште четири патнички автомобили марка „Лада“ натоварени со огревни дрва.
- Трите лица кои се затекнати при нелегален превоз на дрва се лишени од слобода, а исто така се лишени од слобода уште четири лица на возраст од 18 до 43 години сите од Прилеп, кои се затекнати на подрачјето на овој терен, за кои постои сомнение дека се сторители на кривични дела, рече Стојковска.
Таа појасни дека возилата и вкупно 11 метри просторни огревно дрво се одземени од страна на претставници на Шумската полиција, а заради понатамошна постапка, документирање на настанот и поднесување на соодветни пријави за прекршителите на законот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите