Приведени осум лица, расчистени 10 кривични дела во Штип
Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија седум кривични дела „тешка кражба“ и три кривични дела „кражба“. Кривичните дела биле извршени во викендички, куќи и возила, на територијата на град Штип, во периодот од јануари до јули годинава, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.А.(30), А.Д.(18), Џ.И.(33), Т.Ј.(18), А.С.(40) сите од Штип, Ј.М.(20) од Струмица, С.Р.(22) од Радовиш и С.Р. (20) од Кочани, сторители на кривични дела од областа на имотните деликти. Во службен разговор во полициска станица, тие ги признале кривичните дела, се појаснува во соопштението.
Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.
По комплетирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Ново на Сител
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори
-
Воведени се драстични промени во работата по скандалот на Онкологија, смируваат од клиниката
-
Мајмунски сипаници потврдени кај двајца 40-годишници од Скопје, не се познавале и не патувале надвор
-
Бислимовски: Одлуката на Уставниот суд може да доведе до поскапување на парното
-
Одбележани 76 години од основањето на УКИМ - наградени најдобрите студенти
-
Преглед на вестите од светот