Македонија
26. August 2022 - 13:13

Приведени лица во Велес, барани со потерници за издржување на затворски казни

– Полициски службеници од СВР Велес го привеле М.З (31) од Велес, кој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Лицето било предадено во установата за издржување на казната.

Како што информира МВР вчера велешката полиција го привела и Б.А (49) од Велес, кој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Лицето, исто така, било предадено во установата за издржување на казната.