Македонија
10. January 2026 - 11:32

Приведени крадци од Кавадарци, дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

На 09.01.2026, во времето од 16:00 до 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.О.(32), И.С.(28), К.Ј.(26) и Ѓ.К.(26), сите од Кавадарци. Тие се сомничат дека од магацински простор, сопственост на правно лице од Кавадарци одзеле ламинат. Дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.