Приведени две лица во Кавадарци, под дејство на алкохол агресивно се однесувале кон полициски службеници

Две лица во Кавадарци биле лишени од слобода минатата ноќ - под дејство на алкохол, агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Како што попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес, во 19:05 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го привеле М.Ј., 51-годишен кавадарчанец, затоа што во ходник од зградата каде живее во градот, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
-При преземање мерки, кај него биле измерени 1,44 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија оттаму.
Во 23:10 часот пак, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го привеле Т.А., на возраст од 43 години од село Долна Бошава, кавадаречко. Тоа, затоа што, како што појаснија, на улица „7 Септември“ во Кавадарци, откако полициски службеници кои извршувале службени дејствија го забележале како го нарушува јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување, тој агресивно се однесувал и кон нив.
-При преземање мерки, кај него биле измерени 2,27 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР - Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
-

Со дел од раководство зад себе, Филипче на прес конференција остро ја нападна Платформата 12.05
