Приведени две лица од Радовиш, сторители на 14 тешки кражби

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш во Радовиш ги лишија од слобода лицата С.Р.(32) и С.А.(28) и двајцата од Радовиш. Тие се осомничат дека во текот февруари, март и април годинава извршиле 14 кривични дела - „тешка кражба“ во колонијални продавници и маркети во населени места на подрачје на Струмица. Воедно констатирано е и дека извршиле три кривични дела - „одземање на моторно возило“, од кои две во Радовиш и едно на подрачје на Штип.
На 02.05.2025 година врз основа на Судски наредби биле извршени претреси во домовите на лицата, при што биле пронајдени предмети кои што ги одзеле при вршење на тешките кражби, како и делови од облеката што ја носеле при вршење на делата. Со лицата биле извршени службени разговори, при што С.А. признал дека учествувал во дел од извршените кривични дела. Лицата се задржани во Полициска станица и бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Воедно по преземените мерки С.Р. врз основа на судска наредба на Основен суд Радовиш бил спроведен во Затвор Струмица, за издржување казна затвор за кривични дела кои ги имал сторено претходно. По целосно документирање на случаите против лицата ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.
Ново на Сител
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
