Македонија
4. April 2019 - 11:44

Приведени две лица на Табановце поради неисправни патни исправи

Синоќа во 22:00 часот на граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека во патната исправа на лицето Б.Ф.(47) од Република Албанија биле отстранети делови од страници и на истите места биле додавани-прелепувани делови од страници од друга патна исправа. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Исто така синоќа во 22:00 часот на граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Д.Б.(31) во Скопје се послужил со туѓа патна исправа. Тој бил приведен и во разговор за себе дал податоци дека е У.Р.(21) од Косово. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.