Приведени две лица барани по потерница
Полицијата вчера и денеска приведе две лица од Скопје, Д.Д.(39) и М.А.(41), барани по потерница за доиздржување на затворска казна.
Од МВР информираат дека денеска во Скопје бил лишен од слобода скопјанецот Д.Д.(39). Лицето се барало со Централна потерница, а по наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 26 јули годинава за бегство од Казнено поправна установа Идризово, каде издржувал казна за сторено кривично дело „измама“, осуден на казна затвор во траење од пет години и девет месеци.
Лицето е предадено во ПС Аеродром за понатамошна постапка.
- На 9 август, вчера, во 17:40 часот, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во село Студеничани, скопско, приведено е лицето М.А.(41) од Скопје. Лицето се барало со Централна потерница, а по наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 15 март 2024 година за приведување поради сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој бил осуден на казна затвор во траење од седум години и шест месеци, при што за доиздржување има уште една година, шест месеци и 20 дена, соопштуваат од полицијата.
Лицето е предадено во ПС ОН Драчево за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Пронајдена неексплодирана граната од Втора светска војна на нива во скопско Бојане
-
Пронајден починат затворник во КПУ „Идризово“
-
Кривична пријава за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана
-
Полицијата повторно го уапси Акиф Равманоски кој беше помилуван од претседателката Сиљановска Давкова
-
Фон дер Лајен: Завршивте добра работа, имаме одлични реформи, ќе почнеме со 52 милиони евра од Планот за раст
-
Малолетник тешко повреден кога со мотоциклот излетал од патот Маврови Анови – Гостивар
-
Анкета: Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп
-
Собранието ќе ја продолжи 17. седница следната недела