Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани

На 21.07.2025 во 02.06 часот на ул. „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.Д.(67) со престој во с.Жабени, битолско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Д. и е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.
Исто така, на 20.07.2025 во 20.30 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода М.М.(51) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ без регистарски ознаки, управувано од М.М. и кај него е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта.
Лицата веднаш се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
