Македонија
1. April 2022 - 19:48

Приведени дилери на дрога во акција на МВР

Голема полициска акција од  утрово се одвива на повеќе локации околу Скопје. Полицијата приведе лица за кои постои сомнеж дека биле поврзани во криминална група, која се занимавала со продажба на кокаин и марихуана. Полициските екипи вршат претрес во Арачиново, Нерези, Радуша и на уште неколку места, а министерот Спасовски повеќе детали најави за утре. Полициска акција пред два дена имаше и во штипско, каде приведени се  повеќе македонски и странски државјани.

Во разговор за сител, министерот се осврна и на барањата на независниот полициски синдикат за усогласување на платите на полициските службеници со минималната согласно колективниот договор.Спасовски рече дека усогласување е веќе направено согласно законот за работни односи, а најави и зголемување на платите за сите вработени од септември.

Во однос на законското решение кое е во собраниска процедура а се однесува на дополнителни услови скоред кои  лицата кое сакаат да биде полициски службненик  да не можат да членуваат во политичка партија, Спасовски смета дека на овој начин полицијата ќе служи во интерес на граѓаните и државата.