Македонија
24. October 2022 - 10:12

Приведени четворица крадци на Бит Пазар од кои тројца биле малолетни

На подрачје на Бит Пазар синоќа околу 22.45 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е.Е.(18) и уште тројца 17-годишници, сите од Скопје.

Како што информираа денеска од МВР, тие претходно на подрачје на Бит Пазар со употреба на физичка сила од двајца малолетници од Скопје одзеле пари и предмет, кој подоцна бил пронајден кај пријавените.

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.