Приведен возачот на косовскиот автобус кој излета од патот во Хрватска, признал дека задремал на воланот
Обвинителството од Славонски Брод го завршило увидот на местото на кое утрото се случи тешката сообраќајна несреќа во која според нивните податоци загинаа 10 лица а 23 лица се повредени. Обвинителството констатира дека автобусот на Дева Турс од Приштина кој патувал од Франкфурт за Приштина, излетал на тревнатата банкина на јужната страна од коловозот.
„Возачот на автобусот е затечен на лице место и е приведен. Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава“, велат од обвинителството.
Од обвинителство појаснуваат дека тој самиот признал дека за миг задремал.
Според неофицијалните информации, тој го презел управувањето на автобусот на граничниот премин Брегана, меѓу Словенија и Хрватска, каде што се смениле со својот колега кој возел од Франкфурт до таму. Тој и девет патници смртно настрадаа во несреќата.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд