Приведен возачот кој со мопед удрил дете и избегал
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера е пронајден и приведен возачот кој во средата со мопед удрил дете на улица во општина Бутел и потоа избегал и дека ќе му биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
Настанот се случил на 2 април во 14.05 часот на крстосница од ул.„Ферид Бајрам” и ул.„Алпи” во Скопје кога мопед удрил осумгодишно дете и возачот го напуштил местото на настанот, а на детето му се констатирани телесни повреди во ГОБ „Св. Наум Охридски”.
МВР соопшти дека по преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возачот. Се работи за 63-годишник од Скопје, со иницијали Ч.Т., против кого, по брза постапка, ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста на сообраќајот, за безобѕирно возење и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
-Во врска со видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на кое се гледа мопед како удира дете и го напушта местото на настанот, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се преземени соодветни мерки и активности и возачот е пронајден и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, наведува МВР во соопштението.
Ново на Сител
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група