-->
-->
Приведен возач во светиниколско, возел 137 километри на час на место каде дозволено е 50
-->

На 26.11.2025 во 09:46 часот, на магистралниот пат А3, на крстосница Овче Поле, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Ѓ.Т.(56) од с.Василево, струмичко.
При контрола во патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ѓ.Т. управувал патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки со брзина од 137 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Ѓ.Т. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
-

При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица
-

Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
-

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
-

Трагедија во Србија: Загина поранешна тенисерка во тешка сообраќајка
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
