Македонија
21. March 2020 - 16:53

Приведен угостител во Дебар поради непочитување на мерките

Сопственик на угостителски објект во Дебар ќе добие кривична пријава откако полицијата, рано утрово во 7 часот при контрола утврдила дека не ја почитувал забраната за работа. Покрај овој случај, од МВР велат дека во изминатото деноноќие во Дебар и Центар Жупа каде што е прогласена кризна состојба ситуацијата е мирна и граѓаните ги почитуваат мерките. Од МВР велат дека не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушување на јавниот ред и мир ниту пак кражби или сообраќајни незгоди.
Од полицијата информираат дека во овие места непречено се врши дотур на храна, екови и средства за лична хигиена.

„Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините,а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.
Упатуваме апел до граѓаните строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени
од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и
физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.Сите оние кои ги
прекршуваат дадените препораки,ќе бидат санкционирани согласно член 205и 206 од Кривичниот
законик.“ – стои во соопштението на МВР.

Од полицијата велат дека до овој момент немаат интервенирано за случаи на непочитување на препораките и задолжителните мерки за самоизолација.