Приведен тетовец кој со измами за загинати во сообраќајки противправно заработил 2.210 евра
Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 13:50 часот на улицата „Никола Тесла“ во Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот тетовец Р.М., поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело „измама“ за што денеска му е поднесена соодветна кривична пријава до тетовското ОЈО.
Како што информира МВР, Р.М. се сомничи дека во јануари, март и април годинава со лажно прикажување на факти измамил лице од Охрид и двајца српски државјани и противправно се стекнал со вкупна имотна корист од 2.210 евра.
– На оштетените телефонски или преку пораки им се јавувал дека нивни блиски загинале во сообраќајни несреќи и дека преку друго лице треба да му испратат пари за транспортни или други трошоци, соопшти МВР.
Р.М. и претходно бил кривично пријавуван и на идентичен начин досега вкупно измамил четириесетина лица од нашата земја и од Косово, Србија и Албанија. Тој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР